Заглавени помеѓу фантазијата и реалноста

image by: Katja.C

Здраво!

Во денешниот пост пишував за реалноста наспорти фантазијата, за семожноста и ограниченоста – за нивни мани и предности а воедно и за тоа дали постои и дали треба да постои баланс помеѓу овие две. 

Уживајте во читањето и оставете го вашето мислење во коментарите! Со нетрпение чекам да ги чујам вашите мислења на оваа тема.

Хмм… ајде да започнеме со разграничување и вовед. Како литературен збор, зборот „реалност“ означува именка од женски род со дескрипција „објективно суштевствување“ додека зборот „фантазија“ означува исто така именка од женски род со дескрипција „способност на човекот да комбинира претстави“. Но, и двата термини содржат многу подлабоко значење и се многу повеќе од само „обични дефиниции“. 

Ќе започнам со фантазијата. Фантазијата за мене представува златен клуч до успехот и се она што сакам да го остварам. Сите ние имаме некои цели во животот, без разлика дали се мали, големи, возможни, не возможни, дозволиви, не дозволиви, прифатливи или не прифатливи. Важно е дека сите имаме некои цели во нашиот живот за чие остарување се стремиме. Меѓутоа, за истото постојат многубројни фактори коишто влијаат. Најчесто кај нас, на балканскиот полуостров најголем „успех“ односно ефект имаат факторите родители и околина. Меѓутоа исто така треба да сме свесни дека овие фактори за доста од луѓето имаат најмало влијание односно се најневлијателни и тоа може да ни предаставува „водилка“ односно пат до мотивација кога е во прашање реализирање на целите. Понатака ќе го стеснам кругот и ќе зборувам исклучително за децата и целите на децата. Доста голем број на адолесценти дури и во својата 18та година немаат никаква цен во животот ниту пак имаат представа како би изгледала нивната иднина односно како тие ја замислуваат истата. Тие деца се чувствуваат безвредно – и тоа не треба да е така. Првенствено треба да сме сите многу свесни дека никој не треба и не мора ништо да има замислено. И генерално за работите во животот никој не е должен да прави ништо од тоа што го прави. И затоа, се што правиме ние, а и другите околу нас треба да биде ценето и почитувано. Сакам да кажам на сите деца кои се на моја возраст дури и помали едно големо БРАВО И СЕКОЈА ЧЕСТ за тоа што веќе имаат осмислено многу работи и се стремат кон остварување на нивните цели и планови. Сигурно се прашувате како фантазијата има врска со целото ова што досега е напишано? Бидете трпеливи, крајната поента нека ви представува сврзник на фантазијата со овој параграф. Треба да сфатиме дека никогаш не е доцна за ништо и дека во секое време можеме да започнеме нешто ново во нашиот живот и да отвориме нова страница која е потполно празна и спремна да биде испишана со многу интересни работи. Во зависност од нашите цели, треба и времето да е организирано. На пример ако имате цел која би сакале да биде остварена во вашата 20та година, во зависност од истата треба да предвидите колку време би ви требало за нејзиното остварување. Исто така друг важен фактор е искреноста кон самите себеси. Не можете да зацртувате цели и планирате работи кои што вие всушност не ги сакате туку само сакате да ги направите со цел да се докажете на некого. На пример на родител, братучед/ка, пријател/ка, познаник/чка дури и непријател/ка. Запаметете: СЕ ШТО ПРАВИТЕ, ПРАВЕТЕ ГО ИСКЛУЧИТЕЛНО И САМО ЗАРАДИ ВАС САМИТЕ. Еден ден, кога сето ова ќе помине – ќе бидете благодарни и горди на себеси што сте успеале и сте го оствариле сето она што сте го посакувале и зацтртувале. Дали треба да имате нешто пред да започнете со процесот? Одговорот е не. Не ви треба апсолутно ништо за да зацртате и остварите цел. 

Не треба се да биде совршено за да почнете, треба да почнете за се да биде совршено. 

Како да започнете и што ви е потребно?

Потребен ви е лист хартија и молив. Се што треба да направите е едноставно да запишете на листот хартија се што сакате да остварите. Може да биде и во вид на „brainstorming“. Изборот е ваш. После тоа, тие што ви се најважни, некако ќе ви паѓаат цело време во очи и нив ќе ги издвоите на посебен лист со цел да ги одвоите приоритетните од споредните и опционалните цели. За секоја цел/идеа направете детален план за остварување. Под тектов можете да видите пример на погоре наведеното. 

Цели: Просек 5.0, Аплицирање за студии во Харвард, зголемена продуктивност,…

Цел: Просек 5.0 на крај на година 

Поента: Поголеми шанси за остварување на останатите цели (примарен извор)

Акции и дејства кои треба да ги превземам:

-Редовно слушање и активност на час

-Редовно завршување на домашните задачи

-Правење додатни проекти и уклучување во воннаставни програми

-Учење на време, а не пред тест

Краен рок за започнување: 12.5.2021

Очекуван рок на остварување: 10.6.2021

Откога ќе го направите ова, е едноставно. Само ги следите упатствата коишто сами сте ги напишале. Да, знам дека не е лесно – но кој кажа дека ќе биде лесно? 

Сега доаѓаме до прашањето, како да го започнам процесот – со цел успешно да ја остварам целта?

-Со излегување надвор од комфортната зона.

-Со размислување надвор од коцката.

-Со верување во себе и своите способности.

-Со читање и пишување афирмации на дневно ниво.

-Со собирање на мотивација и претворање на истата во дисциплина. 

На кратко, го имате алатот кој што ви е потребен за тоа а тоа е вашата ФАНТАЗИЈА / ИМАГИНАЦИЈА.

Се додека не започнете со користење на истата, никогаш нема да ги остварите вашите цели. 

+Трик: замислете се себеси како да сте веќе стигнати до целта, и однесувајте се така (полесно ќе ви биде да ја реализирате истата)

Тука доаѓаме до реалноста. Суровата реалност, која не дозволува да се мрдне ни милиметар од линијата на коцката. Гледате, тоа е она што сите не спречува. Во неа спаѓаат сите негативни емоции и прашања како што е стравот, „што ќе кажат моите дома?“, „што ќе кажат во училиште?“, „професорите ќе имаат лошо мислење за мене…“. Морате да сфатите дека кога ќе стигнете до целта, сите наведени отпаѓаат и останувате вие и ако не сте среќни и задоволни самите со себе, тогаш ви е џабе што сите останати ви викале браво, или биле горди, среќни и задоволни со вас. Тежок е патот до другата страна на мостот, но затоа само оние кои навистина и целосно се сакаат и почитуваат ќе ја преминат. Гледате, реалноста не треба да ја сфатите како нешто лошо, туку треба да ја сфатите како променлива односно секој треба да смисли и оствари своја реалност. Ние не сме овци, не се движиме во стадо. Секој е и треба да биде различен и посебен на свој начин и со тоа да се издвои од масата исти луѓе. 

Се надевам дека со овој пост, барем малку ве мотивирав и поттикнав уште еднаш да размислите пред да се откажете од животот кој сеуште може да биде онаков каков што сте го замислиле.

4 thoughts on “Заглавени помеѓу фантазијата и реалноста”

  1. Фасцинантно мислење, секако потребно за младите луѓе кои се изгубени или пак сакаат да прочитаат интересен блог со добри совети!

Leave a Comment

Your email address will not be published.